Oд осми до 13ти јули, МЕД во ко-организација со Истражувачкото друштво на студенти биолози и ПреспаНет донесе студенти-волонтери од трите држави низ кои се простира преспанскиот басен, со една цел – да се спроведат биолошки и еколошки истражувања во регионот, еколошка едукација и подигнување на јавната свест на прекугранично ниво.
За време на интензивните теренски активности истраживме кои живи организми ја населуваат планината и каде, успеавме да го пренесеме ова знаење на повеќе од триесет членови и волонтери од кои 10 учесници беа од Албанија и Грција, и забележавме што е ново за националниот парк, а што можеби веќе исчезнало. Овие податоци имаа едукативна и научна цел.
Истражувачка активност со прекуграничен карактер ќе се организира во 2020 во рамки на проектот за заштита на преспанскиот регион во Грција во организација на колегите од здружението за заштита на Преспа од Грција.