Придржувајќи се до сите мерки за справување со пандемијата МЕД вложи огромен труд за да го одбележи овогодинешниот ден на биодиверзитетот. Заедно со нашите партнери од Грција (SPP) и Албанија (PPNEA) ги пребројавме паровите од розикавиот и кадроглавиот пеликан на големото и малото Преспанско Езеро. Додека се движевме по предодредените точки за броење се сретнавме со нашите соработници од паркот на природата „Езерани“ и волонтери и активисти од регионот кои ни помогнаа нашата тура да ја завршиме на едно од најспецијалните места во нашата држава – островот Голем Град. Но, да не должиме премногу, дел од дневната авантура може да ја видите на фотографиите и видеата кои ги споделувавме во живо на фејсбук:
Прва точка: броиме на локалитетот Маркова Нога и средба со желка
Прослава на Денот на биолошката разновидност #BiodiversityDay United Nations Decade on Biodiversity #PrespaNet
Порака од Национален Парк Галичица: Една од клучните вредности кои го красат Националниот Парк Галичица е исклучителното богатство на биолошка разновидност. Поради тие причини, Јавната установа Национален Парк Галичица се придружува на иницијативата на Македонското Еколошко Друштво во одбележување на Денот на биолошката разновидност.На овој ден, предвидени се активности во репродуктивниот центар за европски елен во НП Галичица. При крајот на 2019 година беше извршена реинтродукција на 30 елени, 24 женки и 6 мажјаци. Целта е спречување на сукцесијата на високо-планиските пасишта и зачувување на биолошката разновидност во овие екосистеми, како и зачувување на пределските вредности. Денес, вработени во Националниот Парк Галичица вршат проверки на поставените фото-замки и надополнување на потребна храна во поставените хранилки во репродуктивниот центар. United Nations Decade on Biodiversity #BiodiversityDay #PrespaNet Prespa Ohrid Nature Trust – PONT National Park Galicica
Порака на англиски од с. Коњско до нашите соработници во Грција и Албанија. Петтата точка беше во с. Стење.
Celebrating World Biodiversity Day, post VII Society for the Protection of Prespa (SPP) Protection and Preservation of Natural Environment in Albania #PrespaNet
Започна детален мониторинг (по методологијаta залови-означи-пушти [capture-mark-recapture]) на македонскиот мрморец (Triturus macedonicus, вид на опашест водоземец) во Симонческа Локва на планината Галичица. Во тек на две сесии заловувавме мрморци со помош на посебни водни стапици (aquatic funnel traps). За време на двете сесии беа фотографирани уникатните стомачни шари на сите заловени единки за нивно препознавање во случај на ре-заловување. Овој ефикасен и проверен метод за одредување на големината на популацијата на опашести водоземци за прв пат се спроведува во Македонија и е уште еден доказ за плодната соработка помеѓу НП Галичица и МЕД. Разработувањето и примена на вакви стандардизирани методи се клучни за аспирациите на Македонија кон Европската Унија. Македонскиот мрморец се наоѓа на вториот додаток (Annex II) на Европската директива за живеалишта, што значи дека нивното присуство некаде го прави даденото подрачје кандидат за заштитено NATURA 2000 подрачје, и ЕУ налага да неговите популации бидат контонуирано мониторирани.
Македонски мрморец/Macedonian newt
Поставување на замки/Setting up aquatic funnel traps
Поставени замки во Симонческа локва/ Aquatic funnel traps in Smoncheska Pond
Фотографирање на единки/Photographing individuals
заловена единка – прва сесија/captured individual – session I
ре-заловена единка – втора сесија/recaptured individual – session II