Ги обновуваме евловите шуми во преспа

Ги обновуваме евловите шуми во Преспа

1300 нови садници од евла за обнова на шумите во Преспа.

Продолжуваме да ги обновуваме шумите во Преспа и оваа година повторно засадивме нови садници од евли (Alnus glutinosa) заедно со претставници на Општината Ресен, ренџерите на заштитеното подрачје „Езерани“, ЈП Национални шуми и расадникот „Преспа Дрво“ од Асамати. Садниците од евла се успешен проект на наша соработка со расадникот во Асамати, благодарение на која лани посадивме 1500 едногодишни садници а годинава 1300. Производството на евлови садници и обнова на шумски живеалишта со овој автохтон вид, е пионерска активност на национално ниво, но и во поширокиот преспански регион на прекугранично ниво. Садењето на евли е дел од процесот на реставрирање на влажни живеалишта и е решение кое е целосно базирано на природа.

Овие активности се дел од нашиот проект „Зачувување на биолошката разновидност во прекугранична Преспа“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, и @Jensen а наскоро ќе се повторат и во грчкиот и албанскиот дел на Преспа. Евловите шуми, кои се уништени во голема мера, претставувале хабитат за многу значајни диви видови и ја поддржувале функционалноста на екосистемот. Нивното обновување на сите три страни значи и обнова на еколошките коридори кои ги користат дивите видови на Преспа

Одбележуваме 10 години Преспа Нет

Одбележуваме 10 години Преспа Нет

На овој ден прославуваме 10 години заедничка работа, посветеност и успеси во заштитата на нашиот заеднички екосистем, „Прекуграничниот Преспа Парк“. На 29 март 2013, заедно со Society for the Protection of Prespa (SPP) и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania ја основавме мрежата ПреспаНет со заедничка визија да ги зачуваме културните и природните вредности на преспанскиот регион.
🌳Од 2018, Prespa Ohrid Nature Trust – PONT EuroNatur и @Jensen ја поддржуваат #ПреспаНет, овозможувајќи ни да развиваме и спроведуваме заеднички научни истражувања и едукативни програми, сè со цел да го заштитиме уникатниот и прекрасен биодиверзитет на Преспа. Една деценија подоцна, ПреспаНет прославува со зголемено локално присуство преку подрачни канцеларии на МЕД во Ресен и на ППНЕА во Долна Горица, по примерот на одамна воспоставената канцеларија на SPP во грчка Преспа.
Бескрајно сме им благодарни на сите колеги и пријатели кои беа покрај нас досега и кои продолжуваат да ја поддржуваат работата на ПреспаНет. 😊Особена благодарност сакаме да изразиме до нашите локални партнери, до сите волонтери и до локалните заедници без чија поддршка нашите активности ќе имаа многу поограничен ефект.
Возбудени сме денес да прославиме заедно со вас и да ги споделиме вашите #ПреспаНет приказни и сеќавања!